Во Мосул спречен бран терористички напади

Багдад, 26 јуни 2017 (МИА) - Ирачките безбедносни сили спречија бран самоубиствени бомбашки напади на борците од т.н. Исламска држава, кај Стариот град во Мосул, соопшти ирачката војска.
Цел на нападите била населба западно од Стариот град, последното упориште на екстремистите во тој град.
Во меѓувреме, ирачките сили продираат подлабоко во Стариот град и го стегаат обрачот околу последните места кои се под контрола на џихадистите.
Потполковник Салем ел Обеиди изјави дека се ослободени 65 до 70 отсто од Стариот град и оти преостанува да се ослободи територија помала од еден квадратен километар. Според неговата проценка, во тој дел има уште „неколку стотина“ борци од ИД.
Генерал-полковник на Абдулвахаб ел Сади верува дека операцијата за ослободување на Мосул ќе биде завршена за неколку дена.
- Крајот ќе дојде многу брзо, за неколку дена, истакна тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...