Хакери искористиле грешка во „Виндоус“ за вчерашните кибер напади

Вашингтон, 28 јуни 2017 (МИА) – Хакерите одговорни за вчерашниот напад искористиле грешка во оперативниот систем Виндоус да упаднат во мрежи на компании ширум светот. Се смета дека напаѓачите ја искористиле хакерската алатка ЕтерналБлу која наводно потекнува од Националната безбедносна агенција на САД (НСА), објави Си-Ен-Ен.

Хакерската група Шедоу брокерс ја објавија таа алатка во април 2017 година на интернет.

Цел на ЕтерналБлу била да се искористи ранливоста во ОС Вондоус и да се нападне т.н. shared message block односно слот што опишува работа на апликација во мрежа и нивна интеракција со сервери и протоколи од пониски слоеви. Тоа во суштина се користи за заеднички пристап на корисник до фајлови, печатари и сериски порти во една мрежа.

Новинар на Форбс го нарече ЕтерналБлу како – кибер оружје што НСА го користи за свои хакерски напади.

По нападите на ВонаКрај од мај оваа година, компанијата Мајкрософт издаде „закрпи“ за ранливост кои хакери ги искористиле да упаднат во компјутерски мрежи за време на нападот, но недоволен број луѓе го ажурирале својот ОС и слабоста не е искоренета.

Тоа се случило и во вчерашниот напад со „петја“ вирусот што е сличен на ВонаКрај вирусот што го заклучува компјутерот и од корисникот бара откуп за пристап до фајлови. Разликата е во тоа што „петја“ вирусот не ги инфицира фајловите еден по еден туку оневозможува комплетен пристап до компјутерот додека не се плати откупот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...