Популарноста на бразилскиот претседател Темер изнесува само седум отсто

Бразилија, 28 јуни 2017 (МИА) - Популарноста на бразилскиот претседател Мишел Темер изнесува само седум отсто, покажува последното испитување на расположението на гласачите.
Неговата десно-центристичка коалиција, меѓутоа, има многу подобар рејтинг и доколку Темер биде принден да се повлече од функциата, владината коалиција би можела да преживее и да ги пречека следните избори, предвидени за октомври идната година.
Актуелниот претседател не уживаше голема поуларност и кога стапи на должност, откако беше сменета Дилма Русеф, по постапката за импичмент во која Темер, кој во тоа време беше потпретседател, играше водечка улога.
Русеф која беше обвинета дека ги преправала податоците за состобата на домашната економија, сокривајќи ја реалната состојба, за да си обезбеди висок рејтинг за себе и за својата Работничка партија, се поврзува и за големиот корупциски скандал во државната нафтена компанија „Петробрас“.
Поранешната претседателка, едно време има работено како еден од директорите на компанијата, а за поврзаност со скандалот, сега е обвинет и му се суди на нејзиниот претходник и бразилски претседател во два мандата, Инасио Лула да Силва, кој остана популарен кај пониските слоеви на општеството.
Темер кој е поранешен адвокат, сега и самиот е изложен на обвинување за земање поткуп, откако еден од водечките бразилски бизнисмени јавно тврдеше дека му давал пари на актуелниот претседател, за да се „замолчи“ сведокот во корупциски скандал со поранешниот спикер на бразилскиот Парламент.
Бизнисменот отишол во кабинетот на претседателот „озвучен“ со сокриена техника за снимање на разговорот, што сега е главен доказ за обвинувањето против Темер. Против него веќе има и формално обвинување кое е испратено до Врхвниот суд.
Ако судот го потврди, случајот на Темер ке биде префрлен во Долниот дом на Парламентот, што ќе треба да дозволи да му се суди на актуелниот шеф на бразилската држава.
Темер во обраќање преку телевизијата се брани дека сите обвинувања се „без основа и наместени“ .
- Нема да дозволам да се валка моето име за криминал што не сум го сторил, истакна Темер, инсистирајќи дека случајот против него е „политичка одмазда“.
Бразилските аналитичари проценуваат дека тој би можел и да го „преживее“ гласањето во Долниот дом, но дека Обвинтелството може да го обвини и за „попречување на правдата“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...