Рекс Тилерсон би можел да поднесе оставка до крајот на годината

Њујорк, 25 јули 2017 (МИА) - Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон до крајот на годината би можел да се повлече од функцијата, незадоволен од својот статус во Администрацијата на претседателот Доналд Трамп и од мешањето на Белата куќа во работењето на Стејт департменто, тврди „Њузвик“.
Неделникот оценува дека Тилерсон зад себе иамше тешка недела „исполнета со нездоволство и понижување“, прво, откако беше објавено дека нафтената компанија „Ексон Мобил“ е казнета за прекршување на санкциите кон Русија во времето кога тој беше беше нејзин претседател, а потоа и со неприфакањето на кадрите што тој ги предложил за негови соработници во Стејт департментот.
Весникот тврди дека Тилерсон „се чувствува потиснат на страна“ од Трамп и од Администрацијата, откривајќи дека кај шефот на кабинетот на Белата куќа, Реинс Прибус имало „бучна расправија“ во која шефот на дипломатијата барал да престанат да му кажуваат како да работи.
Според „Њузвик“, државниот секретар бил длабоко навреден кога за контроверзната одлука да се забрани влез во САД на државјаните од шест доминантно муслимански земји, тој воопшто не бил консултиран.
Неделникот тврди дека Тилерсон, исто така, не бил прашан ниту за последната закана на САД до Дамаск со нови воздушни напади, доколку одново употреби хемиско оружје, а се почувствувал и „длабоко фрустриран“ кога во ток од 24 часа тој и претседателот Трамп се огласија со различни изјави за кризата околу Катар.
Тилерсон првично најави дека САД не сакаат да се мешаат во спорот и повика на разговори за излез од кризата во Персискиот Залив, но само ден подоцна, Трамп не осврнувајќи се изјавата на неговиот државен секретар, јавно и даде цеосна подршка на Саудиска Арабија, која е предводник во судирот со Катар.
Извори биски до Тилерсон, кои инсистирале да останат анонимни, за Си-Ен-Ен исто така потврдиле дека државниот секретар на САД веке „сериозно размислува“ да замине од функцијата до крајот од оваа година.
Тие рекле дека Тилерсон не се согласува со тоа главен советник на претседателот на САД за надворешна политика да биде „еден 36-годишен аматер“, мислејќи при тоа на зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Споре довие извори, Тилерсон не се согласувал ниту со одлуката на Трамп САД да го напуштат Парискиот договор за климатски промени, а „бил шокиран“ кога претседателот на последниот Самит на НАТО воопшто не ја ниту споменал американската поддршка на членот 5 од договорот за Алијансата и пружањето заштита на другите земји членки, иако тој како државен секретар ги уверувал сите дека Вашингтон останува псоветен на оваа одредба.
Изворите на Си-Ен-Ен потврдиле и дека Тилерсон бил навреден што во една прилика Кушнер, како советник на Белата куќа, го критикувал работењето на шефот на Стејт департментот, означувајќи го како „непрофесионално“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...