Пјонгјанг тврди дека до средината на август ќе подготви план за ракетни напади врз Гуам

Сеул, 10 август 2017 (МИА) - Северна Кореја до средината на август ќе изработи план за лансирање четири ракети од среден дострел кон води околу американскиот остров Гуам во западен Пацифик.

Конечната одука за тоа ќе ја донесе лидерот на државата Ким Џонг-ун, јавија државните медиуми.

Ракетите што планира Северна Кореја да ги употреби би требало да прелетаат преку јапонските префектури Шимане. Хирошима и Кочи и да летаат 1.065 секунди со брзина од 3.356,7 километри на час за да погодат 30 до 40 километри од Гуам.

Севернокорејските медиуми оценуваат дека неодамнешните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп за употреба на сила против Пјонгјанг се „куп бесмислици“ со предупредување дека тој го разбира само јазикот на „апсолутна сила“.

Командантот на севернокорејските стратешки сили генерал Ким Рак-ком изјавил дека Трамп е човек „лишен од разум“ со кого „нормален дијалог не е можен“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...