Трамп: Ким Џонг-ун вистински ќе зажали доколку го нападне Гуам

Вашингтон, 12 август 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун целосно ќе ја разбере сериозноста на предупредувањето кон Пјонгјанг да не презема воени дејствија против САД или нивните сојузници.
- Се надевам дека целосно ќе ја сфатата сериозноста на она, што го кажав, рече Трамп пред новинарите во приватен голф клуб во Њу Џерси.
- Тие зборови се лесни за разбирање. Ако тој стори нешто против Гуам или друга американска територија или некој сојузник на САД, тој вистински ќе зажали, истакна Трамп.
Пјонгјанг претходно оваа недела објави дека разработува план за извршување ракетни напади врз американската територија во Тихиот Океан, островот Гуам до средината на овој месец. Планот ќе му биде претставен на Ким Џонг-ун, кој ќе донесе одлука дали ќе го реализира.
Трамп ги омаловажи критиките на германската канцеларка Ангела Меркел во однос на неговата реторика за Северна Кореја. Меркел се огласи против ескалацијата на војната со зборови меѓу Вашингтон и Пјонгјанг и изјави дека не гледа воено решение за конфликтот околу Северна Кореја.
- Меркел е мој мошне добар пријател. Можеби таа говори за Германија, со сигурност не говори за САД, рече Трамп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...