Во Сирија убиен еден од најопасните австралиски терористи

Сиднеј, 16 август 2017 (МИА) - Мултинационалната антиџихадистичка коалиција во Сирија, предводена од САД, деновиве го ликвидирала Халед Шаруф, еден од најопасните австралиски терористи, кој и имал пристапено на групата Исламска држава, пренесе ТАСС, повикувајќи се на телевизијата Еј-Би-Си.
Авиони на коалицијата во петокот извеле воздушен напад врз еден автомобил во реонот на сирискиот град Рака, во кој се наоѓал Шаруф. Заедно со овој 36-годишен терорист во возилото биле и неговите двајца малолетни синови. Сите загинале во експлозијата.
Пред три години на социјалните мрежи се појавија снимки на кои седумгодишниот син на Шаруф во рацете држи отсечена човечка глава.
Во февруари џихадистот стана првиот човек што го загубил австралиското државјанство по влегувањето во сила на новиот закон, со кој се засилуваат мерките за борба со тероризмот, потсети ТАСС. Законот на австралиските власти им дава право на австралиски државјани да им се одзема државјанството доколку се фатени во особено тешки кривични дела, поврзани со тероризмот. Оваа одредба, меѓутоа, може да се применува само за луѓе со двојно државјанство, како што е примерот со Шаруф, кој има и либанско.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...