Ирак побара помош од ОН за откривање на злосторствата на ИД

Њујорк, 17 август 2017 (МИА) - Ирак побара од ОН да му помогне во собирањето на докази за злосторствата извршени од страна на екстремистичката организација „Исламска држава“, преку резолуција што ќе придонесе за изнесување на терористичките организации пред лицето на правдата.

БТА денеска јави дека во писмото до Организацијата од 9 август, ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим Џафари забележал дека злосторствата извршени од ИД врз цивили и разурнувањето на инфраструктурата и археолошките објекти се злосторства врз човештвото, за кои нивните виновници треба да бидат изнесени пред суд.

Ирак би сакал да го искористи искуството на меѓународната заедница во однос на тоа и затоа заедно со Велика Британија подготвува нацрт-резолуција, стои во писмото.
Заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство во ОН Џонатан Ален изјави дека усвојувањето на оваа резолуција од страна на Советот за безбедност на ОН е многу важно, со цел да не остане неказнето ниту едно злосторство на ИД.

Адвокатката Амал Клуни, која во моментов ги заштитува Јазеидите, ја пофали иницијативата на ирачката Влада.
- Јазеидите и другите жртви на ИД настојуваат за правда. Се надевам дека писмото на ирачката Влата ќе го одбележи почетокот на крајот на неказнивоста за геноцидот и другите злосторства извршени од страна на ИД во Ирак и на другите места во светот, наведе Амал Клуни во специјална декларација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...