Мнозинството Американци го поддржуваат зачувувањето на спомениците на Југот

Вашингтон, 18 август 2017 (МИА) - Околу две третини од Американците сакаат да бидат зачувани спомениците на јужњачката Конфедерација, кои се сметаат за симбол на робовладетелството, покажуваат резултатите од анкетата, објавена денеска, со која се поддржува ставот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој вчера изјави дека историјата на САД се урива со симнувањето на тие споменици, чија судиба е предмет на остар спор по насилството во Шарлотсвил во саботата.
Според анкетата на Ен-Пи-Ар/Пи Би Ес и Њузауер/Марист 62 отсто од анкетираните сметаат дека спомениците на Јужњаците треба да се сочуваат како историски симболи. Споменикот на главниот командант на армијата на Југот во Граѓанската војна, генерал Роберт Ли беше во центарот на протестот на крајнодесничарите против неговото соборување во Шарлотсвил, во сојузната држава Вирџинија. Во последните судири бел супремасист уби антирасистичка демонстрантка.
- Само 27 отсто од анкетираните сметаат дека спомениците треба да се урнат, јави државното радио Ен-Пи-Ар.
Впечатливо е тоа што 44 отсто од Афроамериканците го поддржуваат останувањето на спомениците, кои за мнозинството се симбол на робовладетелскиот Југ на САД, а 40 отсто сакаат да бидат собрени.
Меѓу републиканците огромно мнозинство го поддржуваат задржувањето на спомениците, а 44 отсто од демократите го поддржуваат останувањето, додека 47 проценти сакаат да бидат соборени.
Симболи на јужњачката Конфедерација во форма на споменици има околу 1.500 и тие претежно се наоѓаат во јужните држави.
Анкетата е спроведена телефонски на 14 и 15 август на примерок од 1.125 лица од целата територија на САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...