Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Кисими,19 август 2017 (МИА) - Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа регистрирани во два града од американската сојузна држава Флорида, каде припадници на редот реагирале на сомненија за шверц со наркотици и информација за обид за самоубиство, пренесоа американските медиуми.
Полицијата соопшти дека во градот Кисими еден нејзин припадник е убиен, а друг тешко ранет. Двајцата полицајци во проблематичен реон од градот проверувале осомничени за шверц со наркотици кога против нив бил отворен оган. По инцидентот уапсени се тројца осомничени за пукањето.
Двајца припадници на редот ноќеска настрадале и во Џексонвил, откако, по добен сигнал, отишле во стан за да проверат дали навистина имало обид за самоубиство. Имало и претпоставка дека други три лица во куќата се наоѓаат во опасност. Полицајците слушнале истрели и помислиле дека внатре е лицето кое пукало, па од тие причини се доближиле до куќата. Тогаш осомничениот излегол од куќата и отворил оган кон нив. Тој бил убиен во престрелката што следела со полицијата. Другите три лица во куќата не биле повредени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...