Либанската армија и Хезболах почнаа офанзива против ИД на сириската граница

Бејрут, 19 август 2017 (МИА) - Либанската армија денеска почна офанзива против групата Исламска држава на североисточната граница со Сирија, а либанската шиитска организација Хезболах прогласи офанзива против џихадистите од сириската страна на границата, пренесе ТАСС.
Операцијата на армијата е насочена против енклавата на Исламска држава во близина на градот Рас Баалбек.
Либанските војници со ракети, артилерија и хеликоптери ги нападнаа позициите на џихадистите во планинската месност Џруд ел Каа. Оваа територија е последниот реон долж границата меѓу Либан и Сирија, што е контролирана од оваа џихадистичка група.
Либанскиот генерал Али Кансо изјави дека околу 600 борци на Исламска држава ја држат граничната област со површина од 120 квадратни километри. Овие борци, според него, се атентатори самоубијци и изјави дека „тоа е најтешката битка досега, водена од либанската армија против терористичките групи“.
Истовремено, Хезболах и сириската армија го нападнаа реонот на западен Каламун, во Сирија.
Шиитската организација соопшти дека го исполни своето ветување да „ја отстрани терористичката закана долж границите на земјата“ и дека се бори задно со сириската армија.
Либанската армија соопшти дека својата офанзива не ја усогласува со Хезболах или со сириската армија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...