Талибанци: Авганистан може да се претвори во нова гробница за САД

Кабул, 22 август 2017 (МИА) - Авганистан може да се претвори во нова гробница за САД доколку тие не ги повлечат своите војници оттука, предупредија талибанците откако американскиот претседател Доналд Трамп ја претстави новата стратегија на Вашингтон за Авганистан.
- Ако САД не ги повлечат своите војници од Авганистан, земјата наскоро ќе се претвори во нова гробница за таа суперсила на 21. век. Американските лидери треба тоа да го разберат, се наведува во соопштението на талибанците.
Претходно, талибанскиот портпарол Забиула Муџахид изјави дека стратегијата на Трамп за Авганистан е „нејасна и застарена“, додавајќи дека Трамп во својот говор не кажал ништо ново.
Американскиот претседател нагласи дека првично сакал да нареди повлекување од Авганистан, но потоа објасни дека избрзаното напуштање на Авганистан може да создаде вакуум, од кој најголема корист ќе имаат терористите на Ал Каеда и т.н. Исламска држава.
Според висок претставник на Белата куќа, Трамп му дозволил на Пентагон да распореди дополнителни 3.900 американски војници во Авганистан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...