ОН: Поради борбите во ирачкиот град Тал Афар блокирани 30.000 цивили

Њујорк, 23 август 2017 (МИА) - Околу 30. 000 цивили се блокирани во ирачкиот град Тал Афар од борбите меѓу ирачката армија и џихадистите од Исламска држава, соопшти портпаролот на ОН, цитиран од француските медиуми.
-Хуманитарната помош веќе е доставена до пунктовите на југ и исток од Тал Афар, изјави портпаролот Стефан Ѓужариќ.
Високиот комесаријат на ОН за бегалци стравува дека ирачките цивили можат да бидат употребени како човечки штитови и дека обидите за бегство на цивилите од градот можат да бидат казнети од џихадистите со егзекуции и убиства, додаде портпаролот на ОН.
ОН очекуваат во следните неколку дена илјадници цивили да се обидат да избегаат од Тал Афар.
Ирачката армија, поддржана од авијацијата на меѓународната коалиција, предводена од САД, вчера ја поврати контролата врз три кварта на Тал Афар - еден од последните бастиони на џихадистите во Ирак, додадоа француските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...