Трамп: Новите санкции кон Северна Кореја се само почеток

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новите санкции што ОН и ги воведоа кон Северна Кореја неделава, се само мал чекор и не се ништо во споредба со она што ќе се случи.

Ние сметаме дека санкциите се само уште еден многу мал чекор и не се кој знае што, нагласи Трамп пред средбата со малезиски премиер Наџиб Разак.

Не знам дали има последици од нив, но беше убаво да се соберат 15 гласови „за“ со ниту еден „против“. Тие санкции се ништо во споредба со она што ќе се случи, истакна американскиот претседател.

Во меѓу време, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерка Могерини сооопшти дека Европската унија ќе ги спроведе новите санкции кои и се воведени кон Северна Кореја од страна на ОН, поради нејзиното шесто нуклеарно тестирање и дека планира нови казнени мерки.

Сега ќе ги спроведеме санкциите на ОН, како што правевме и досега. Нашата цел за Корејски Полуостров без нуклеарно оружје, може да биде постигната само со дипломатски и политички средства. Нема воено решение за таа криза, потенцираше Могерини.

Северна Кореја веќе најави дека ќе го забрза развојот на нејзините нуклеарни и ракетни програма, како одговор на „злонамерните санкции“ што ги воведе Советот за безбедност на ОН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...