Јужна Кореја одобри помош од осум милиони долари за Северна Кореја

Сеул, 21 септември 2017 (МИА) - Јужна Кореја денеска одобри испраќање помош во вредност од осум милиони долари за Северна Кореја, кои ќе бидат префрлени преку агенции на ОН, јави Јонхап.
Сеул одлучи да ги заштити бремените жени и малите деца во Северна Кореја, кои се соочуваат со сериозна хуманитарна криза, се наведува во соопштението на јужнокорејското Министерство за национално обединување. Одлуката е донесена и покрај стравувањата дека јужнокорејската помош може да ги осуети меѓународните напори за вршење притисок врз Пјонгјанг за да се откаже од својата нуклеарна и ракетна програма.
- Владата ќе го процени времето на доделување помош и нејзината големина, земајќи ги предвид различните фактори, вклучувајќи ја и ситуацијата меѓу Северна и Јужна Кореја, се потенцира во соопштението.
Сеул верува дека прашањето за укажување помош на Северна Кореја треба да се разгледува одделно од политиката. Извештај на ОН покажува дека околу 72 отсто Севернокорејци страдаат од недостиг на храна или недохранетост. Околу 1,3 милиони лица, во најголем дел жени и деца, имаат итна потреба од помош. УНИЦЕФ предупреди дека децата под петгодишна возраст во Северна Кореја се изложени на голема опасност поради хронична недохранетост и неадекватна здравствена заштита.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...