Трамп воведе забрана за влез во САД и за Севернокорејците и Венецуелците

Вашингтон, 25 септември 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нов указ со кој им се забранува влез во САД на граѓаните на Северна Кореја, Венецуела и уште пет земји, соопшти синоќа Белата куќа.

Новите мерли, кои ќе влезат во сила на 18 октомври, се однесуваат и за државјаните на Иран, Чад, Сирија, Јемен и Сомалија.

Указот е резултат на повторната проценка на првичната забрана на Трамп од јануари годинава за влез во САД на државјаните на неколку доминантно муслимански земји, која беше укината од американските судови.

Во март Трамп издаде нов модифициран указ, според кој времено се забрануваше влез во САД на граѓаните на Иран, Чад, Сирија, Јемен и Сомалија.

Таа мерка исто така беше укината од Федералниот суд, но Белата куќа ја обжали ваквата одлука во Врховниот суд, кој треба да го разгледа случајот на 10 октомври.

Со указот објавен синоќа на листата на петте муслимански држави се додаваат и Северна Кореја и Венецуела. Се посочува дека тие земји се ризични и „несоодветно“ соработуваат со барањата на Вашингтон за веродостојна идентификација на нивните граѓани и споделување информации за лица кои се кривично гонети или претствуваат ризик за безбедноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...