Дутерте го прогласи Марави за слободен град, борбите се уште траат

Манила, 17 октомври 2017 (МИА) - Филипинскиот претседател Родриго Дутерте изјави дека градот Марави од денеска е слободен од „терористичкото влијание“.
- Градот Марави го прогласувам за ослободен од терористичкото влијание, рече Дутерте, кој денеска го посети градот разрушен од борбите и прогласи негово ослободување при краток говор во руиниран училишен камп, оддалечен само еден километар од местото каде се уште се водат борби.
Во градот денеска повремено се слушаат пукотници и експлозии додека владините сили се борат против преостанатите мали групи исламски терористи.
Филипинската војска во борбите вчера уби двајца клучни екстремистички лидери и очекува нивен целосен пораз, бидејќи остануваат уште триесетина на површина од два хектара. Борбите во Марави се водат од 23 мај, кога екстремистите окупираа делови од градот, јужно од земјата.
Портпаролот на филипинската војска Реституто Падиља изјави дека 20 до 30 преостанати екстремисти држат како заложници околу 20 луѓе, меѓу кои има жени и деца.

Командантот на војската Едуардо Ано оцени дека изјавата на Дутерте значи дека заканата од екстремистите, кои пет месеци контролираа делови на Марави, конечно е завршена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...