Перу ја легализира медицинска марихуана

Лима, 20 октомври 2017 (МИА) - Конзервативниот Конгрес на Перу со 68 гласови „за“ и пет „против“, усвои закон за легализирање на марихуаната за медицински цели.
Со законот, се дозволува производство на масло од канабис и негово увезување и комерцијализација.
Перуанскиот претседател Педро Пабло Кучински го предложи законот откако полицијата упадна во еден дом каде имало импровизирана лабораторија во која група жени правеле масло од канабис за лекување на нивните епилептични деца.
Прописите за производство и комерцијализација на маслото од каннабис ќе бидат изготвени за 60 дена, рече пратеникот на владејачката партија Алберто Беланда. Тој исто така предложи да се повлечат сите обвиненија против уапсените родители.
Уругвај во 2013 година стана првата држава во светот која легализираше се - од произвоство, па до продажба на марихуана за секаква употреба. Соседите на Перу, Чиле и Колумбија, веќе ја имаат легализирано марихуана за медицинска употреба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...