Американскиот претседател Доналд Трамп денесја пристигна во Пекинг, во прва официјана посета на Кина.
Кина, каде ќе престојува помалку од 48 часа, е третата станица од азиската турнеја на Трамп, по Јапонија и Јужна Кореја.
На аеродромот, Трамп и неговата сопруга беа пречекани од кинескиот претседател Си Џинпинг, со кого се закажани неколку средби.
На почетокот од посетата, Си и неговата сопруга Пен Лијан ќе го однесат семејството Трамп во Забранетиот град во Пекинг.