Балби: Пред да исчезне подморницата, влегла вода и предизвикала краток спој

Вода влегла во цевката за доток на воздух во аргентинската подморница и предизвикала краток спој на една од нејзините батерии, пред пловниот објект да исчезне, пред 13 дена, изјави портпаролот на аргентинската морнарица Енрике Балби.



Тој додаде дека капетанот на морнарицата рекол дека водата влегла додека подморницата ги полнела батериите. Капетанот подоцна преку сателитски телефон известил дека проблемот е решен.

Морнарицата минатата недела соопшти дека капетанот, пред да исчезне подморницата, пријавил електричен проблем во одделот за батерии по што на подморницата и било наредено да се врати во својата база во пристаништниот град Мар дел Плата, околу 400 километри од Буенос Аирес.

- Надежта да се најдат преживеани членовите на екипажот на подморницата „АРА Сан Хуан“ во голема мерка се изгубени, откако е објавено дека е забележано нешто што „одговара на експлозија“ во близина на подрачјето во јужниот дел на Атлантскиот океан во период кога последниот сигнал од таа зона, на 15 ноември, го испрати подморницата на својот пат од јужното пристаниште Ушуаја до градот Мар дел Плата, соопшти аргентинската морнарица.   
      
Претседателот на Аргентина Маурицио Макри неодамна изјави дека меѓународната потрага за подморницата и нејзиниот 44-член екипаж ќе продолжи, а исчезнувањето ќе биде истражено.   
 
Повеќе од 12 авиони и бродови учествуваат во меѓународната потрага на површина од 480.000 километри квадратни, површина колку цела Шпанија.
„Сан Хуан“ е подморница изградена во Германија во 1983 година, а долга е 66 метри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...