Муслимански лидери го предупредуваат Трамп за последиците ако го признае Ерусалим за главен град на Израел

 Признавањето на Ерусалим за главен град на Израел од страна на Администрацијата на Доналд Трамп ќе го поттикне фанатизмот и насилството и нема да биде во интерес на мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците, предупреди синоќа првиот човек на Арапската лига.



- Очајно е што некои настојуваат на реализирањето на тој чекор, без да се земат предвид опасностите кои тој ги претставува за стабилноста на Блискиот Исток и целиот свет, изјави во Каиро генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит.

Јордан вчера го предупреди Трамп какви опасни последици може да предизвика таков чекор од негова страна, откако беа објавени шпекулации дека тој може да се произнесе по ова прашање уште оваа седмица.
- Таквата одлука ќе предизвика гнев меѓу Арапите и муслиманите, ќе ја зголеми затегнатоста и ќе ги упропасти напорите за постигнување мир, напиша на Твитер јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади.

Како што претходно јави МИА, зетот и близок советник на Трамп, Џаред Кушнер, синоќа изјави дека американскиот претседател се уште не донел одлука за премествање на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

- Претседателот на САД и натаму ги разгледува големиот број факти пред да ја објави својата одлука за ова прашање, што најверојатно ќе се случи следната недела, изјави Кушнер на Годишната конференција за американската политика кон Блискиот Исток, што се одржа во Вашингтон во организација на Институтот „Брукингс“.

Пред неколку дена американската Администрација соопшти дека Трамп размислува да го пресели седиштето на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим, што практично би се сметало за негово признавање за израелски главен град.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...