Трамп ќе ги прогласи Русија и Кина за ривали на САД

Вашингтон, 18 декември 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска би требало да ја претстави новата национална безбедносна стратегија, во која се очекува да ги прогласи Русија и Кина за држави-ривали на САД.
Во објавените извадоци од предложената стратегија пишува дека Русија и Кина се ангажираат да ја направат економијата помалку слободна, ги јакнат своите вооружени сили и капацитетите за контрола на текот на информациите, за да вршат репресија врз своите граѓани.
Двете држави ќе бидат означени и како „ревизионистички сили“ кои работат на поткопување на американската безбедност и просперитет.
Стратегијата, првпат по подолго време, нема да ги вброи климатските промени како безбедносна закана. Трамп презема мерки за да ги запре активностите започнати од страна на неговиот претходник Барак Обама за ограничувањето на климатските промени.
Во новата стратегија ќе биде предвидено дека САД ќе работат на обезбедување на својата енергетска сигурност и економскиот развој, со заштита на животната средина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...