Државните служби во САД привремено прекинуваат со работа

Американските државни институции привремено запираат со работа, откако вчера во Сенатот не беше постигнат договор за законот за краткорочно буџетско финансирање.

Многу институции ќе останат затворени, а вработените ќе бидат на отсуство. Со работа ќе продолжат само структурите со витални функции.



Оние службеници чии работни места се од суштинско значење нема да заминат, но ќе работат без плата, соопшти Мик Малвејни, директор на Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа. Меѓу државните структури од витално значење се Управата за прашања за социјална сигурност и вооружените сили.

Вработените во Министерството за прашања поврзани со ветераните ќе останат на работа, бидејќи агенцијата однапред има добиено финансиски средства, рече Малвејни.

Поштенските услуги исто така ќе продолжат нормално да функционираат, затоа што Американските пошти имаат свои извори на приходи.

Друг сектор, кој би требало да работи нормално, е воздухопловството. Контролорите на воздушниот сообраќај, вработените во Службата за транспортна безбедност и агентите на Службата за царинска и гранична контрола исто така остануваат на работа.

- Сите тие луѓе ќе работат без пари, што едноставно не е чесно, изјави Малвејни.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека прави напори националните паркови и другите природни места за кои е одговорно да останат „максимално достапни“ за посетителите, објави „Вашингтон пост“.

Но, запирањето на работата на Владата ќе влијае на Федералната служба за катастрофи и несреќи, која во моментов работи на справување со последиците од неколку природни катастрофи, вклучувајќи го ураганот поради кој поголемиот дел од Порторико со месеци е без струја, како и шумските пожари во Калифорнија.

Претходно ваква делумна парализа на федералната Влада имаше во октомври 2013 година и траеше 16 дена.

Сегашната криза ќе трае додека конгресмените не постигнат согласност за законот за буџетските расходи.

Конкретен план засега нема, но се очекува денеска разговорите во Сенатот да продолжат и евентуално утре да се гласа за варијанта предложен од демократот Линдзи Греам за привремена резолуција со која ќе се овозможи финансирањето на активностите на владата да продолжи до 8 февруари. Датумот не се избран случајно. На 30 јануари претседателот ќе се обрати пред двата дома на Конгресот и републиканците не би сакале тоа да се случи во сенка на буџетска криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...