САД повторно дозволија влез на бегалци од 11 земји со висок ризик

САД ќе продолжат да примаат бегалци од 11 земји, претежно од Блискиот Исток и Африка, кои беа окарактеризирани како високо ризични, но со дополнителни проверки.

Американски функционери уверуваат дека националноста нема да биде причина за одбивање, но оние кои ќе сакаат да влезат во земјата ќе бидат предмет на дополнителни проверки.

Министерството за внатрешна безбедност го заврши 90-дневен процес на преразгледување на програмата за прием на бегалци во САД по консултации со други агенции и служби.
Целта беше да се исклучи ризикот од влез во САД на лица од 11 земји кои се закана за безбедноста и благосостојбата на земјата.

Министерството не го објави список на државите, но според информации во американските медиуми, на него се Египет, Иран, Ирак, Јемен, Северна Кореја, Либија, Мали, Сирија, Сомалија, Судан и Јужен Судан.

Новите мерки на прес-конференција во центарот „Вудроу Вилсон“ ги соопшти министерката за внатрешна безбедност Кирстен Нилсен. Таа изјави дека промените имаат за цел земјата подобро да ја заштитат од терористи, криминалци и крадци.

Од 25 октомври, кога влезе во сила 90-дневното преразгледување на програмата за прием на бегалци, од овие 11 земји во САД биле пуштени само 46 лица, покажуваат податоци на Стејт департментот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...