Трамп прави план за Израел и Палестинците кој нема да им се допадне на двете страни

Амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли изјави дека првиот предлог за мировниот план за Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на Доналд Трамп „нема да го сака“ ниту една страна.



Таа најави дека планот е „при крај“ и оти наскоро ќе биде претставен.
Одговарајќи на прашања на Институтот за политика на Универзитетот Чикаго, Хејли рече дека всушност мисли дека планот се завршува, но оти главните преговарачи на американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот советник и зет Џаред Кушнер и Џејсон Гринблат „се уште одат напред-назад“ и не го обелодени датумот на објавување.

- Тие прават план. Нема да го сака ниту една страна и нема да го мрази ниту една страна, рече Хејли, но не откри што ќе содржи планот.

Таа исто така рече дека Палестинците се уште го застапуваат решавањето на деценискиот судир по модел на две држави и оти е на нив и на Израел да одлучат.

- На нив е да одлучат. Ако одлучат две држави, САД ќе поддржат две држави. Ако одлучат за одредени граници, САД ќе ги поддржат тие граници, одговори американската амбасадорка на прашањето на директорот на Институтот Дејвид Акселрод, поранешен висок советник на претседателот Барак Обама дали САД ќе предложат независна палестинска држава.

Акселрод праша дали таа би поддржала решение по модел на една држава.
- Тешко ми е да видим како тие би го сакале тоа. Мислам дека и едните и другите се залагаат за решение на две држави. Ние само ќе го поддржиме она што ќе одлучат да го прават, рече  Хејли, и додаде дека и Палестинците и Израелците заслужуваат подобро, а сега се во судир и тоа не е добра ситуација.

Таа смета дека лидерите би морале да ја потиснат на страна својата гордост и его и да мислат за својот народ и да му го подобрат квалитетот на живот, и оти тоа ќе се постигне со мир.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас во вторникот на седница на Советот за безбедност на ОН за Блискиот исток повика да се одржи блискоисточна мировна конференција до средина на оваа година.

Хејли на истата седница ја бранеше одлуката на Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел и ги предупреди Палестинците против „апсолутистички барања, реторика на омраза и поттикнување насилство“.

- Проблемот е што ОН повторно се покажаа како многу пристрасна организација кога се работи за Израел, рече таа оценувајќи дека тоа е факт кој влијаел проблемот потешко да се реши.
Според неа, САД знаат дека палестинските власти се многу несреќни поради одлуката да се пресели Амбасадата на САД во Ерусалим.

- Таа одлука не мора да ви се допаѓа, не морате да ја фалите. Не морате дури ни да ја прифатите, но знајте дека одлуката нема да се промени, рече американската амбасадорка.
Абас излегол од салата веднаш откако го завршил својот говор и воопшто не го слушнал ставот на Хејли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Спортски пилот на аеро митинг прави лупинзи, и одеднаш забележува дека му се запалил десниот мотор.Веднаш се јавува во контролната кула:
- Десниот мотор се запали,што да...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1584.- Вo Санкт Петербург умре Иван Четврти...
1745.- Умре англискиот државник Роберт Волпол,...
1837.- Роден е американскиот државник Стивен...
1842.- Роден е францускиот писател Стефан...