Островот на Самитот Трамп-Ким крие мрачна историја

Синагпур, 8 јуни 2018 (МИА) - Островот Сентоса во Сингапур, на кој во вторник треба да се сретнат американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, денес важи за место на луксузот, но во минатето на него се пролевала крв, наведува ДПА.
Сентоса, кој се наоѓа јужно од градот Синагпур, денес е познат по бујната вегетација, луксузните хотели и пространите терени за голф. На островот може да се најдат луксузни казина, забавен парк, пристаниште за скапи јахти и вили на самите плажи, кои чинат десетици милиони долари. Свои куќи на Сентоса имаат и некои од најбогатите луѓе во светот.
Покрај луксузот, изборот на Сентоса како место за одржување на Самитот е логичен и од логистичка гледна точка. Островот се наоѓа на само 500 метри од Сингапур и до него се стига главно по една рута. Тоа овозможува приватност и го олеснува гарантирањето на безбедноста.
Но, зад рајската фасада на Сентоса, лежи крвава историја. До 1830 година, локалното малајско население островот ги нарекувало Палау Белуканг Мати, што во буквален превод значи „Остров каде смртта демне зад аголот“.
Историчарите имаат различни теории за потеклото на ова име. Некои шпекулираат дека тоа може да биде од времето на пиратските напади, грабежи и крвопролевања во областа.
За време на Втората светска војна, јапонските окупаторски сили го користеле островот како логор за британски и австралиски воени заробеници, а на неговите плажи вршеле масовни егзекуции на локалните Кинези осомничени за антијапонски активности.
Во 1972 година, сингапурската Владата започнала со обнова на островот и развој на туризмот, кога тој е и преименува во Сентоса, што на малајски јазик значи „Состојба на мир и спокојство“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...