САД бараат Турција да биде осудена на Самитот на НАТО во Брисел

САД повикуваат на својот следен Самит, НАТО да го осуди „недемократското и неодговорно однесување“ на неговата членка Турција, порача денес американската сенаторка Џони Ернест на собир во Вашингтон посветен на безбедноста во ЕУ и соработката меѓу Алијансата и Унијата.



Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, републиканската претставничка во Сенатот од сојузната држава Ајова и членка на сенатската комисија за воени служби, го критикуваше планот на Турција да купи руски ракетен систем С-300, нарекувајќи го „едноставно неприфатлив“.

- Турција ги поткопува напорите на сојузниците да ја стабилизираат ситуацијата во регионот, посебно во напорите да заврши воениот конфликт во Сирија. Таа соработува со Русија која има големо влијание не само овде, туку и во многу земји на Балканот, како Србија и Косово, оцени Ернест.

Според неа, Турција исто така треба да сноси одговорност и за судењето на американскиот државјанин Ендрју Брoнсон, пастор на Евангелистичката црква, кој во 2016 година, по неуспешниот воен удар беше уапсен под изговор дека соработувал со Курдската работничка партија (ПКК).

- Тој се наоѓа повеќе од 600 дена во затвор и ја повикуваме Турција итно да го ослободи, како и да ги преиспита пресудите на останатите политички затвореници со американско државјанство, порача Ернст на Вашингтонскиот симпозиум за безбедност и одбрана на ЕУ.

Таа го истакна ставот на официјален Вашингтон дека Русија е најголемиот стратешки соперник на НАТО во ЕУ, посебно во јужниот дел на континентот и порача дека се потребни заеднички напори и одлучна реакција да се запре кампањата на дезинформации, кибер напади и воена агресија што Русија ја спроведува во некои земји од Балканот и во блискоисточниот регион со интервенцијата во Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...