Сите 12 деца се спасени од пештерата во Тајланд

 Сите 12 деца се извлечени од пештерата во Тајланд каде беа заглавени од 23 јуни кога влегле во неа после тренинг.

Во пештерата засега се уште тренерот, еден лекар и тројца припадници на морнаричките нуркачи „Фоки“.
Сите досега извлечени момчиња со хеликоптер се пренесени во болница во блискиот град Чианг Раи.
Спасувачката операција трае три дена, и секој ден досега беа извлекувани по четири момчиња.

Во третиот ден од операцијата во пештерата Там Луанг влегле 19 спасувачи. На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и враќање назад, му се потребни 11 часа. Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки. На некои места видливоста во водата е речиси нула.

Денеска се објавени и информации за состојбата на децата кои беа спасени во изминатите два дена. Првите четири спасени деца побарале да јадат традиционално тајландско јадење со босилек, но докторите им рекле дека нивните дигестивни системи не можат да се справат со толку пржен оброк. Тајландскиот министер за здравство денеска изјави дека децата што беа вчера спасени побарале леб со еурокрем, и оти барањето им било исполнето.

Докторите кои ги лекуваат спасените момчиња соопштија дека телесната температура на првите четири момчиња кои беа спасени била многу ниска и постои сомневање дека две од нив имаат запаление на белите дробови и примаат антибиотици.

Во меѓувреме, тајландските момчиња, на возраст меѓу 11 и 16 години, и нивниот тренер, се поканети од страна на ФИФА на финалето на Светското првенство. Но, тие веројатно се уште ќе бидат во изолација и натпреварот ќе го гледаат на телевизија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...