Над 71.000 луѓе се хоспитализирани во Јапонија како резултат на топлото време

 Поради горештините, кои ја зафатија Јапонија, рекорден број жители биле примени во болница од мај до август, соопшти днеска Министерството на внатрешни работи и комуникации.



Според податоците на министерството, во последните три месеци 71.266 луѓе биле хоспитализирани од топлотен удар, што е за 15.000 повеќе од претходниот рекорд, од летото 2013 година.

Минатата недела 13 лица починаа, а 13.575 беа примени во болница поради топлината, која ја зафати целата територија на државата. Во повеќето региони живата на термометарот се задржа на 34-35 степени Целзиусови, а во некои области често се фиксираат температури од 40 степени.

Повеќето од настраданите се возрасни луѓе, кои често не следат колку време се наоѓаат на улица или не вклучуваат клима уреди во своите домови од економски причини. Минатата година горештините во Јапонија однесоа 44 животи, а десетици илјади завршија во болница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...