Во Њујорк почна 73-та годишна сесија на Генералното собрание на ОН

Њујорк, 19 септември 2018 (МИА) - Во седиштето на ОН во Њујорк почна 73-та годишна сесија на Генералното собрание на Светската организација.
Почетокот на новиот работен циклус го објави претседателката на сесијата – поранешната премиерка на Еквадор Марија Фернанда Еспиноса, четврта жена на оваа функција во изминатите 73 години и првата латиноамериканка што ја зазема.
Во воведниот говор Еспиноса рече дека ќе го посвети своето претседателство на сите жени и ќе работи на воспоставување родова еднаквост и му се заблагодари на нејзиниот претходник Мирослав Лајчак.
Еспиноса истакна дека годинава 193 земји во организацијата ќе разгледаат околу 330 резолуции и оти се планирани 100 пленарни сесии.
- Освен тоа, оваа година треба да земеме 34 мандати за разни теми од глобален интерес и да организираме 18 самити, рече таа.
Еспиноса објави дека по консултации со претставниците на Обединетите нации и земјите-членки, издвоила седум приоритети во својата работа - родова еднаквост, склучување на нови договори за миграција и бегалци, создавање достојни работни места за младите, жените и лицата со инвалидитет, заштитата на животната средина и поактивна работа на реформите на ОН.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази убеденост дека Еспиноса ќе биде достоен претседател на Генералното собрание благодарение на нејзиното дипломатско искуство и познавањето на спецификите на Светската организација како резултат на нејзината работа како постојан претставник во Женева.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...