Русија: САД ги снабдувале со оружје терористите во Сирија

Москва, 21 септември 2018 (МИА) - САД ги снабдувале со оружје терористички групи активни во Сирија, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија на својата интернет страница и го повика Вашингтон да започне да се бори против терористите.

- Двојните стандарди на Вашингтон станаа особено јасни во Сирија. Откако руските воздушни сили, одговарајќи на барањето на легитимната влада, се придружија во борбата против тероризмот во таа држава разорена од долгогодишната војан, САД вложија секаков напор да ги заштитат убијците, се вели во соопштението на руското министерство.

Во соопштението се додава дека т.н сили на умерената опозиција се користат како човечки штитови, со кои се штитат екстремистите, меѓу кои и припадници на терористичката група Џабхат ал Нурса, „и покрај тоа што е таа огранок на Ал Каеда, која е одговорна за смртта на 3.000 Американци на 11 септември 2001 година.
- Во исто време, САД ги снабдувале овие групи со оружје, муниција и воена опрема, се наведува во соопштението.

Руското министерство оценува дека Вашингтон е подготвен да искористи „кој било, па дури и терористи“, со цел да го симне од власт сирискиот претседател Башар ал-Асад и поради други политички цели.

- Навистина е чудно тоа што американската јавност не обрнува внимание на непријавеното единство меѓу американските политичари и Ал Каеда, иако американскиот закон секоја поддршка на тероризмот ја смета за кривично дело, се нагласува во соопштенито.
Минстерството, исто така, изрази надеж дека САД ќе престанат да одолговлекуваат и ќе почнат да се борат против терористите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...