Кина побара САД да ги повлече санкциите

Пекинг, 21 септември 2018 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Кина денеска побара од САД да ги повлечат санкциите воведени за кинеската армија поради набавката на руски воени авиони и ракети земја - воздух.
Пораката до САД ја упати портпаролот на кинеското МНР, Генг Шуанг.
Кина неодамна од Русија купи 10 авиони Сухој 35 и ракети С-400.
На мета на санкциите се најдоа и кинеското Одделение за развој на опрема и директорот Ли Шангфу поради „значителни трансакции“ со рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“.
Американската администрација на црната листа стави уште 33 кинески државјани и субјекти кои соработуваат со руската армија и разузнавачката служба.
Санкциите се воведени врз основа на актот усвоен во 2017 година во САД наречен „Акт на борбата против американските противници преку санкции“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...