Рохани ги осуди САД за „економски тероризам“

Иранскиот претседател Хасан Рохани синоќа упати критики кон Вашингтон поради „непријателската политика“ кон Техеран, оценувајќи дека американскиот пристап е осуден на пропаст.

Рохани обрајќајќи се пред Генералното собрание на Обединети нации ја обвини администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за „економски тероризам“, како и за планирање за соборување на иранската Влада.

Тој, исто така, ја отфрли идејата за одржување на билатерални разговори со Вашингтон.
Рохани наведе дека САД повеле „економска војна“ против Иран кога еднострано повторно воведоа санкции кон Техеран, што претходно беа укинати во согласност со мултилатералниот Договор за иранската нуклеарна програма од 2015 година.

- Политиката на САД кон Исламска Република Иран е погрешна од почеток и нивниот пристап е спротивен на желбите на иранскиот народ, како што се покажа во повеќе наврати, осуден е на пропаст, истакна Рохани.
Тој додаде дека Иран ќе ги надмине санкциите.

- На мета на економската војна, што САД ја покрена, не е само иранскиот народ, туку им штети и на народите од други земји, а таа војна доведе до нарушување на глобалната трговија. Тоа што Иран го сака е јасно: Нема војна, нема санкции, нема закани, нема насилство, само постапување во согласност со законот и исполнување на обврските, посочи Рохани во ГС на ОН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...