Белата куќа одговори со допис на тужбата на Си-Ен-Ен

Белата куќа одговори со допис на тужбата на Си- н-Ен против администрацијата на Доналд Трамп, велејќи дека новинарот нема уставно право на пристап до канцеларијата на претседателот на САД.

Во дописот се наведува дека претседателот и неговиот персонал имаат „апсолутно дискрециско право”, во поглед на пристапот на новинарите и интервјуата.

Дописот беше испратен истиот ден кога многу други медиумски организации, меѓу кои и Фокс Њуз, ја објавија својата поддршка за Си-Ен-Ен.

На известувачот на Си-Ен-Ен Џим Акоста му е одземена акредитацијата по бурна вербална комуникација со претседателот Трамп.

Светот го обиколи снимката на која Трамп му вели на Акоста „невоспитани сте и грда личност”, бидејќи тој продолжи да поставува прашања и не и го враќаше микрофонот на младата приправничка во Белата куќа.

Потоа, Белата куќа му ја одзеде акредитација на новинарот, што ќе остане „во сила на неодредено време“, но објасни дека со оваа мерка Акоста бил казнет за упорните прашања, но и поради несоодветно однесување кон приправничката.

Си-Ен-Ен поднесе тужба против претседателот и неколку негови соработници. Рочиштето беше во Вашингтон вчера попладне по американско време.

Спротивно на тужбата на Си-Ен-Ен, во дописот се тврди дека „ниту еден новинар нема право според Првиот амандман да влезе во Белата куќа”.

Исто така, се наведува дека Акоста истиот ден, а подоцна и писмено добил известување за причината за забраната и се истакнува дека пристап му е забранет поради тоа што „ги прекршил новинарските правила.”



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...