Трамп би можел да биде обвинет за учество во криминал

Јавното обвинителство на Јужниот Округ на Њујорк и истражителите на специјалниот обвинител Роберт Малер му врачија на Судот документи, според кои, актуелниот американски претседател Доналд Трамп би можел да се соочи со обвинение за извршено кривично дело.



Обвинителство во документите во процесот против поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, првпат го оквалификува актуелниот американски претседател како „соучесник во криминал“.

Според обинителниот акт, Коен се товари за организирање поткуп на две жени за време на претседателските избори во САД во 2016 година, од кои било побарано да не откријат дека имале сексуални врски со Трамп.

Обвинителството, исто така, обелодени нови детали за финансиски малверзации околу плановите на Трамп да започне изградба на облакодер во Москва во време на предизборната кампања.

Во меморандумот со докази на 47 страници, Обвинителството не го споменува името на Трамп, туку наведува дека адвокатот Коен „признал оти координирал постапки и примал наредби од Лице-1“. Понатаму се говори дека неименуваното „лице“ во јануари 2017 година стапило на функцијата претседател н САД.

Поранешниот адвокат на Трамп веќе призна вина по осум точки од Обвинението, како кршење на законите за финансирање на изборна кампања.

Станува збор за поткуп на порно ѕвездата Сторми Дениелс и на поранешниот модел на „Плејбој“, Карен Мекдугал, кои тврдат дека имале сексуални врски со Трамп и на кои, според Обвинителството, им биле плаќани засега неутврдени суми во замена за тоа да не откриваат информации за тоа.

Во посебен меморандум врачен на Судот од страна на тимот на специјалниот обвинител Малер, се открива улогата на Коен во т.н. „московски проект“ – план за изградба на облакодерот „Трамп тауер“ во рускиот главен град.

Коен минатата недела призна дека за овој проект се воделе преговори се до јуни 2016 година и дека учесник во бизнис кореспонденцијата бил и портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Истражителите на Малер истакнуваат дека реализацијата на овој проект би била невозможна „без помош од руските власти“ и во случај на негова реализација, компанијата „Трамп Организејшн“ би добила стотици милиони долари.

Обвинителниот акт му бил предаден на Судот во доцните вечерни часови во петокот. За време на викендот Трамп во неколку наврати негираше дека му давал наредби на својот поранешен адвокат за некакви поткупи и дека документите не докажуваат постоење на некаков „заговор“ помеѓу вработените во неговата кампања.

– Ние сме задоволни од тоа што го прочитавме и затоа што таму нема никаков заговор, изјави Трамп, додавајќи дека „последна работа што можел да ја направи е да бара помош од Русија за кампањата“.

Претходно, тој уште еднаш порача дека истрагата на Малер е „лов на вештерки“.

– По две години и милиони страници документи (и трошоци од над 30 милиони долари) нема заговор, напиша Трамп на Твитер.

Американските правници се поделени околу тоа дали американскиот претседател може да биде обвинет за кривично дело, но сметаат дека Трамп има причина „за сериозни грижи“.

Засега се знае дека Обвинителството бара од Судот четири години затвор за Коен. Пресудата се очекува да биде донесена в среда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...