Саливан: САД силно го поддржуваат Преспанскиот договор

САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа кој го отвора патот на Македонија да го заземе заслуженото место во ЕУ и НАТО, изјави американскиот заменик државен секретар Џон Саливан на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.



-САД се залагаат за стабилна и безбедна Југоисточна Европа, а Македонија е клучен фактор во регионот за постигнување на таа цел, порача Саливан.

Тој искажа пофалби за премиерот Заев и за шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и за пратениците кои ги поддржаа уставните измени. Ги повика и другите парламентарци да дадат поддршка и да ги тргнат настрана теснопартиските цели и да ги следат националните интереси.

– Вашите гласови ја ставија вашата земја на патот на сигурна и просперитетна иднина. Како продолжува процесот во Собранието ги поттикнуваме повеќе пратеници да ги остават на страна партиските интереси и да останат фокусирани на заедничките стратешки цели. Нема друга алтернатива, надежите за посветла иднина за вашата земја ви се на дофат, истакна Саливан.

Премиерот Заев оцени дека посетата на заменик државниот секретар е уште еден доказ за постојаната и континуирана поддршка на САД на Република Македонија.

Заев нагласи дека главните стратешки цели на Македонија остануваат членство во ЕУ и НАТО. Порача дека Македонија е посветена на регионалната соработка и се залага за силен и стабилен Балкан со поддршка на ЕУ и САД.

– Во Република Македонија создаваме услови за политички амбиент што ќе ја овозможи реализацијата на Договорот од Преспа во целост и дека ризиците ги сведуваме на минимум, а успешната завршница во Собранието е нашиот билет да влеземе во НАТО, рече Заев.

Тој додаде дека Владата останува посветени на реформите за да се испорачаат кредибилни резултати и да се потврди одлуката за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...