Американски конгресмени тврдат дека Трамп му дава нуклеарна технологија на Ријад

Американската администрација се обидува на брзина да и даде нуклеарни технологии на Саудиска Арабија, се наведува во извештај на Комисија на Претставничкиот дом на САД.



Како што јави Би-Би-Си, извештајот е изработен врз основа на сознанија дека американскиот претседател Доналд Трамп и компании поврзани со него, преземаат активности што „би можеле да доведат до ширење на нуклеарно оружје“.

Комисијата, во која доминираат демократите, најави дека планира да започне истрага за тоа дали Белата куќа планира изградба на американски нуклеарни реактори во Саудиска Арабија.

Ријад, од своја страна, тврди дека станува збор за реактори наменети за изградба на нуклеарни електроцентрали, како дел од напорите на саудиските власти за диверзификација на изворите на енергија.

Но, американските конгресмени се сомневаат дека изградбата на реакторите би можела да биде поврзани со обиди за вооружување на Саудиска Арабија, која е главен регионален ривал на Иран.

САД и Саудиска Арабија и претходно преговараа за изградба на нуклеарни реактори, но преговорите пропаднаа откако Ријад не можеше да даде цврсти гаранции дека постројките нема да бидат користени за производство на атомско оружје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...