Американски сенатори предлагаат закон со кој ќе ја спречат Русија да се меша во изборите на САД

Сенаторите на републиканците и демократите денеска ќе претстават закон со кој треба да се спречи Русија да се меша во изборите во САД. Со законот се предвидени строги санкции насочени на банкарскиот, енергетскиот, одбранбениот сектор и на државниот долг.



Законот познат како „Акт за одвраќање“ е најновиот обид на американските пратеници да го зголемат притисокот врз Москва поради „лошото однесување, од агресија врз Украина и учество во сириската граѓанска војна до обид да влијаат на изборите во САД“.

Законот ќе го претстават сенаторите Крис Ван Холен, демократ и Марко Рубио, републиканец.

Тие и минатата година понудија слична мерка, која исто така имаше поддршка од двете партии, но никогаш не беа повикани на гласање во Сенатот, каде републиканските лидери имаат блиски врски со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Со овој закон, од директорот на Националната разузнавачка служба на САД (ДНИ) се бара да утврди во рок од 30 дена, во случај на сојузни избори, дали Русија или која било друга странска влада или претставник на влада ќе влијаат на изборите.

Доколку ДНИ открие дека се случило такво мешање, законот бара, меѓу другото, и наметнување задолжителни санкции во рок од 10 дена за руските банки и енергетските компании.

Законот, исто така, бара забрана за сите трансакции под јурисдикција на САД во рускиот суверен долг, обврзниците на руската влада и долгот на кој било субјект во сопственост или под контрола на руската влада.

Санкциите ќе вклучуваат блокирање – замрзнување без да се одземе сопственост во САД на оние кои се засегнати од санкциите, меѓу кои и високи руски политички личности и бизнис лидери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Како плавуша може да ослаби 10 килограми?
- Ќе ја извади шминката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од...
Верски календар
На денешен ден
1493.- На своето второ патување за Америка, на...
1600.- Роден е англискиот крал Чарлс I Стјуарт,...
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама на...
1711.- Во селото Мишанинско, е роден Михаил...