Напаѓачот во Крајстчрч обвинет за 50 убиства и 39 обиди за убиство

Новозеландската полиција го прошири обвинението против австралискиот екстремист Брентон Тарант (28), кој уби 50 луѓе во нападот на две џамии во Крајстчрч.



Тарант првично беше обвинет за убиство, но судијата истакна дека бројот на обвиненија неизбежно ќе се зголеми. Тој сега е обвинет за 50 точки од обвиненијата за убиство и 39 обвиненија за обид за убиство, пренесува Хина.

Австралиецот првпат се појави на суд во саботата и при тоа не се изјасни за вината, ниту побара ослободување со кауција

На 15 март, Тарант влезе во џамијата Ал Нор околу 13:30 по локално време, кога се одржуваа попладневни муслимански молитви и отвори оган кон верниците. Тој испука повеќе од 100 куршуми, само во џамијата. Со себе имал најмалку шест пушки. Напаѓачот потоа се возел седум минути до следната џамија во предградието Линвуд, каде што продолжи со масакрот.

Триесет и шест минути по првата дојава за нападот, Тарант е уапсен во возило каде што, според полицијата, имало импровизирани експлозивни направи.

Нападот, кој премиерката Џасинда Ардерн го опиша како терористички чин, е најголемото злосторство во мирнодопската историја на Нов Зеланд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...