ОН: Две милијарди луѓе се уште немаат вода за пиење

Њујорк, 18 јуни 2019 (МИА) – Повеќе од две милијарди луѓе ширум светот се уште немаат пристап до вода за пиење, се наведува во извештајот на Обединетите нации објавен денеска.

Значителен напредок е постигнат од крајот на минатиот век, бидејќи од 2000 година 1,8 милијарди луѓе добија можност пешки да дојдат за 30 минути до достапна вода за пиење, се вели во извештајот на УНИЦЕФ и Светската здравствена организација.

Сепак, околу 2,2 милијарди луѓе се уште немаат пристап до питка вода, што вклучува 785 милиони луѓе кои немаат заштитен извор на вода на растојание од половина час, стои во извештајот.

Непрочистена површинска вода пијат 144 милиони луѓе. Многу болести – како дијареа, колера, тифус, хепатитис А – можат да бидат елиминирани кога ширум светот би била достапна вода за пиење и тоалети поврзани со контролиран канализациски систем.

Исто така, ќе се намали и ширењето на цревни паразити и очни бактериски инфекции.

Во извештајот се вели дека 4,2 милијарди луѓе немаат пристап до тоалети со безбедни одводи, а 673 милиони луѓе се уште вршат нужда на отворено. Споредено со 2000 година, кога нужда на отворен простор вршеле 21 процент од населението, сега изнесува девет проценти.

Меѓутоа, во 39 земји бројот на луѓе без тоалети всушност се зголемил, првенствено во субсахарска Африка, каде што има значително зголемување на населението.

Три милијарди луѓе се уште немаат основни хигиенски услови, кои се дефинираат како поседување тоалет, кој не го користат повеќе домаќинства и поседување мијалници со сапун и вода во куќа.ир/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...