Иран тврди дека соборил американски дрон во јужниот дел на земјата

Техеран, 20 јуни 2019 (МИА) – Kорпусoт на Гардата на исламската револуција соопшти дека соборил американски шпионски дрон „Глобален Хоук“ во јужниот дел на Иран.

Во соопштението се вели дека инцидентот се случил во областа Куха Мубарак, во провинцијата Хормозган, откако беспилотното летало влегло во воздушниот простор на Иран.

Претставник на Централната команда на вооружените сили на САД, сепак, негираше дека денеска американските беспилотни летала летале над оваа исламска република.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно лично го предупреди Техеран дека ќе има последици ако загинат американски војници. Тој рече дека секое дејство на Техеран или неговите сојузници кои би можело да доведе до смрт на најмалку еден американски војник – ќе доведе до одмазда.

САД минатата недела го обвинија Иран за напад врз два танкера за нафта во Оманскиот Залив. Американската војска објави снимка со која се гледа напад на Иран, на која ирански сили отстрануваат неексплодирана мина од еден од танкерите.Иран ги негираше обвинувањата за неговата улога во инцидентот.ир/зш



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...