Трамп нареди, а потоа го откажа нападот врз Иран

Вашингтон, 21 јуни 2019 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп одобри напад врз Иран поради соборување на американското беспилотно летало, но по неколку часа тој се повлече и го откажа нападот, пишува „Њујорк тајмс”.

Трамп, како што наведува неименувано официјално лице запознато со ситуацијата, првично одобри неколку воздушни напади врз радарите и ракетните системи.

Било планирано воздушните напади да се спроведат рано утрово, со цел ризикот за населението да биде најнизок.

Официјалниот претставник за „Њујорк тајмс“ изјави дека авионите биле во воздух, а бродовите биле на позиции, кога пристигнала наредбата за повлекување од нападот.

Нападот на САД би бил одговор на соборувањето на набљудувачкиот дрон вреден 130 милиони долари.

„Њујорк тајмс“ додава дека засега не е јасно дали нападот врз Иран, на крајот, сепак ќе биде извршен. ир/гт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...