Рикер:Србија и Косово да продолжат со дијалог, САД подготвени да се вклучат

САД се подготвени да се вклучат во преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, но тоа не можат да го направат додека двете страни сами не одлучат да му се вратат на дијалогот, изјави вршителот на должност заменик државен секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер.

Тој за „Глас на Америка“ истакна дека за евентуално посилна улога на САД во преговарачкиот процес, неодамна разговарал и со првиот човек на Стејт департментот, Мајк Помпео.

– Ние блиску соработуваме со партнерите на ЕУ. Јас бев вклучен во раната фаза на дијалогот, кој се водеше согласно Бриселскиот договор, за кој сметам дека направи голема разлика во функционирањето на животите, воспоставувањето темпо и намалување на тензиите во регионот во изминатите пет години, нагласи Рикер.

Моментно највисокиот официјален претставник во Стејт департментот кој се занимава со Балканот изрази верување дека двете страни имаат волја за наоѓаме решение, со што ќе придонесат за стабилност и просперитет на Западен Балкан.

Американскиот дипломат како модел за решавање на прашањата во регионот, „кои со векови не можеле да се решат“, ги наведе лидерите на Грција и на Северна Македонија, Алексис Ципрас, сега веќе поранешен премиер и Зоран Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...