Седумгодишно дете – прва жртва на ураганот Доријан

Седумгодишно момче се удави, а неговата сестра се води за исчезната кога ураганот Доријан вчера ги погоди Бахамите, прераснувајќи во категорија пет. Со тоа тој стана најсилна бура во светот оваа година. Високите бранови, обилните дождови и разорните ветрови со јачина и до 320 километри во час вчера ги погодија Бахамите и се приближува до американското копно.



Доријан нанесе катастрофална штета на неколку острови на Бахамите, пренесува Си Ен Ен. Голем број згради и куќи се уништени или делумно поплавени.

Со оглед на тоа дека ураганот се приближува до американското копно, гувернерот на Јужна Каролина Хенри Мекмастер прогласи задолжителна евакуација на брегот и населените места кои се на патот на ураганот. Евакуацијата опфаќа 830.000 жители, а за многумина ова ќе биде четврта евакуација во последните четири години.

Вонредна состојба е прогласена на Флорида, каде се мобилизирани 2.500 припадници на Националната гарда, а 1.500 се во состојба на подготвеност.

Вонредна состојба е прогласена и во 12 окрузи во соседна Џорџија со цел да им се помогне на настраданите во бурата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...