Во богатите земји најмногу се умира од рак

Квебек, 4 септември 2019 (МИА) – Срцевите болести веќе не се водечка причина за смрт во богатите земји. Сега тоа е карциномот, којшто може да стане најголемиот светски убиец наредните неколку десетлетија, предупредуваат научниците.

Преку два обемни научни труда во медицинското списание „Лансет“, се изнесуваат податоци за новата „глобална епидемиолошка транзиција“ меѓу различните видови хронични болести. Срцевите заболувања засега остануваат водечки причинител на смртноста кај средовечните луѓе во дел од светот, и на нив отпаѓаат 40 отсто од смртните случаи. Но, тоа веќе не важи за земјите со високи приходи, каде што ракот сега убива двојно повеќе луѓе отколку срцевите заболувања.

– Истражувањата открија дека ракот беше втор најчест причинител на смртта во светот во 2017. и на тоа отпаѓа 26 отсто од смртните случаи. Но како што стапката на срцевите болести паѓа, карциномот би можел да стане водечки причинител на смрт во голем дел од светот за само неколку децении, смета Жил Дагенес, професор во Универзитетот Лавал во Квебек, Канада, кој е раководителите на оваа научна анализа.

Најчести причини за смрт засега се високиот крвен притисок, нездравата исхрана и пушењето

Од околу 55 милиони починати во светски рамки во 2017 година, околу 17,7 милиони умреле од кардиоваскуларни болести.

Земјите опфатени во трудот, се Аргентина, Бангладеш, Бразил, Чиле, Филипини, Индија, Иран, Јужна Африка, Канада, Кина, Колумбија, Малезија, Пакистан, Полска, Саудиска Арабија, Шведска, Танзанија, Турција, Обединеттити Арапски Емирати и Зимбабве. си/ссм/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...