Најголемиот сериски убиец во САД убил најмалку 50 луѓе

САД најверојатно го пронајдоа најголемиот сериски убиец во својата историја, Самуел Литл (79), кој признал 93 убиства. Сојузната полиција (ФБИ) досега потврдила 50.

Повеќето од жртвите на Самуел Литл од периодот кога убивал – меѓу 1970 и 2005 година – се жени.



Литл отслужува доживотен затвор од 2014 година кога беше прогласен за виновен и осуден за три убиства. Но, бројот на загинатите се чини дека е многу поголем.

Полицијата смета дека сите признанија на Литл се веродостојни, и отворија веб-страница на која може да се видат видеа од признанието на убиецот во кој се опишани убиствата чии жртви се уште не се идентификувани.

„Голем број од тие смртни случаи се обележани како предозирање, несреќа или причина за смрт што не е утврдена. Некои тела никогаш не биле пронајдени“, додава ФБИ на таа веб-страница.

Поранешниот боксер, познат и како Самуел Мекдауел, првпат беше уапсен во 2012 година во засолниште во бездомници во Кентаки. Тој беше екстрадиран во Калифорнија како дел од случај со дрога.

Таму, благодарение на ДНК траги, властите го поврзаа со три нерешени случаи познати како „cold cases“, и врз основа на тоа, тој беше осуден во 2014 година за убиство на три жени во Лос Анџелес меѓу 1987 и 1989 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...