Би Би Си: Ердоган го фрлил во корпа за отпадоци писмото од Трамп

Писмото од американскиот претседател Доналд Трамп до неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган заврши во канта, јави Би Би Си, повикувајќи се на неименувани извори од турското претседателство.



– Претседателот Ердоган го прими писмото, целосно го отфрли и го фрли во корпа за отпадоци, велат изворите.

Во писмото, со датум од 9 октомври, испратено по повлекувањето на американските сили од Сирија, Трамп му порача на Ердоган да не „биде опасно момче“ и да не биде „будала“.

Трамп во писмото, на денот на почетокот на офанзивата во Сирија, го предупредил Ердоган дека ако ситуацијата во таа земја не биде решена на хуман начин, тој во историјата ќе биде запонет како ѓавол.

На почетокот на краткото писмо, што на Твитер го објави новинарката на Фокс, Триш Реган, американскиот претседател на својот турски клега му предлага да постигнат „добар договор“.

„Не сакате да бидете одговорен за масакр на илјадници луѓе, а јас не сакам да бидам одговорен за уништувањето на турската економија, а ќе го сторам тоа“, навел Трамп, кој веќе воведе некои санкции кон Турција и се заканува дека ќе ги прошири на начин што тие ќе бидат уништувачки за турското стопанство.

Во писмото Трамп истакнува дека тешко работел за да се решат некои од проблемите на Турција и на Ердоган му порача да не го разочарува светот. Тој додал дека Ердоган може да добие одличен договор и дека курдскиот генерал Мазлум Кобани е подготвен да преговара со него.

„Тој е подготвен да ви даде отстапки какви Курдите никогаш во историјата не дале“, наведува американскиот претседател и додава дека на Ердоган му го испраќа писмото на курдскиот генерал кое штотуку го примил.

„Историјата на вас ќе гледа со одобрување доколку ова го изведете на хуман начин, но ќе ве запамети како ѓавол доколку не се случат добри работи. Не бидете ’опасно момче’. Не бидете будала“, заклучи Трамп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...