Поради пожарите вонредна состојба во Калифорнија

На повеќе места во Калифорнија и натаму беснеат пожари заради што во оваа сојузна американска држава е прогласена вонредна состојба, а меѓу десетиците илјади евакуирани се и холивудскиот актер и поранешен гувернер, Арнолд Шварценегер и кошаркарската ѕвезда од ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс.



Повеќе од милион домови и деловни објекти се останати без струја откако вчера изби голем пожар во близина на музејот Гети во Лос Анџелес.

На илјадници лица, од некои од најбогатите квартови во градот, им е наредено да ги напуштат своите домови, меѓу кои се и Шварценегер и Џејмс, кој со семејството бил присилен да се евакуира.

Пожарот во Лос Анџелес брзо се шири и зафати површина од 200 хектари во ридовите околу еден од главните автопати, пренесе Гласот на Америка. Во него изгореа најмалку пет куќи, а се очекува оваа бројка брзо да нарасне. За среќа засега нема повредени.

Во северниот дел на Калифорнија заради силниот налет на ветрот илјадници пожарникари и натаму не можат да го изгаснат најголемиот пожар во ова подрачје- такарнаречениот Кинкејд пожар, поради што локалните власти наредија евакуација на најмалку 200 илјади лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...