Австралискиот источен брег се подготвува за „катастрофалниот ден“

И денеска се затворени неколку стотици училишта ширум Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, додека надлежните служби ги повикуваат граѓаните да се евакуираат од руралните делови на државата каде беснеат шумски пожари.



Повеќе од 50 пожари пламнаа во Нов Јужен Велс, а според најавите на надлежните, денеска се предвидени „катастрофални“ услови погодни за ширење на пожарите, наведува Би-Би-Си.

Тие очекуваат огнот брзо да се прошири заради високите температури и силниот ветар, што може да ги загрози животите на луѓето.

Десетици илјади граѓани на Австралија се засолнети на сигурно откако властите ги предупредиле дека е предоцна да ги напуштат домовите пред пожарите што се шират на источниот брег од континентот.

На ширењето на пожарите им влијаат екстремно сушните временски услови во Нов Јужен Велс и Квинсленд, каде во некои делови дожд нема заврнато три години.

Во Сиднеј, каде живеат пет милиони лица, надлежните апелираат граѓаните да не излегуваат надвор бидејќи градот е прекриен до „ризичен чад“.

Околу 600 училишта и колеџи ширум земјата се затворени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...