Стејт департментот ја поздрави одлуката на Албанија да протера ирански дипломати

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, ја поздрави и ја пофали одлуката на албанската Влада да протера двајца ирански дипломати од земјата.



Во статус на социјалните мрежи, портпаролката Ортагус изјави дека американскиот Стејт департмент ја пофалува одлуката на албанската Влада да ги протера двајцата така наречени дипломати.

-Иранскиот режим продолжува да ги користи своите дипломатски објекти во Европа како покритие за заговор на терористички напади, како и да им се заканува и да ги шпионира Иранците кои живеат во странство, наведе Ортагус.

Во средата, албанската Влада ја потврди веста за протерување на двајцата ирански дипломати, Мохамад Али Арз Пеиманемати,трет советник и Сеид Ахмад Хосеини Аласт, аташе за култура, поради активности во „спротивност со нивниот статус“.

И двајцата според албанските медиуми биле соработници на убиениот ирански генерал Касим Сулејмани и биле директно поврзани со него. Албанските разузнавачки служби, со помош на сојузничките земји, обезбедиле и докази дека тие биле запознаени со тајниот план за напад врз амбасадата на САД во Багдад организиран од Сулејмани.

Во декември 2018 годна Албанија ги прогласи за непожелни и ги протера иранскиот амбасадор и уште еден дипломат од иранската амбасада во Тирана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...